Screenshot

Комуналец-Прилеп повторно ја чисти дивата депонија кај Вештачкото езеро

May 11, 2026
1 min read

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно спроведува акција за чистење на дивата депонија на патот кон Вештачкото езеро, каде денеска може да се забележат големи количини градежен шут, стар мебел, домашни апарати, пластика и мешан комунален отпад.

Иако локацијата беше целосно исчистена на 15 ноември 2025 година во рамки на еко акција организирана од Општина Прилеп и јавното претпријатие, само по неколку месеци состојбата повторно е алармантна. Граѓаните секојдневно реагираат до „Комуналец“ поради несовесното фрлање отпад, а депонијата повторно претставува сериозен проблем за животната средина.

Директорот на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, Љубиша Јовановски, апелираше до граѓаните и компаниите да покажат поголема одговорност и свест за правилното управување со отпадот.

 

„За оваа година општината има издвоено 4.200.000 денари исклучиво за чистење диви депонии. Верувам дека граѓаните, а особено градежните фирми, ќе покажат разбирање и отпадот кој не припаѓа во категоријата комунален ќе го одложуваат на депонијата во Алинци, каде влезот за граѓаните е бесплатен. Неразбирливо е во 21 век, кога секојдневно се предупредува за последиците од неправилното третирање на отпадот, ние и понатаму да се однесуваме неодговорно“, истакна Јовановски.

Од претпријатието потсетуваат дека граѓаните можат да изнајмат контејнер од 5 метри кубни по цена од 1.360 денари или трактор за транспорт на отпад по цена од 620 денари.

За габаритен отпад, ЈКП „Комуналец“ има воведено и бесплатна линија секој четврток и петок, со претходно пријавување на телефонскиот број 048/428-992.

Од претпријатието уште еднаш апелираат секој отпад да се одлага на соодветно место, со цел зачувување на животната средина и почиста околина за сите граѓани.

„Чисто е убаво!“, порачуваат од „Комуналец“ – Прилеп.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Dizeli për 4 denarë më lirë, ulen çmimet e derivateve të naftës në Maqedoni

Следно

Од 13 до 17 мај „Школка“ повторно станува срцето на Виноскоп

Latest from Blog

Западот ги финансира критичните минерали со јавни пари, Македонија не ја реализира ниту приватната инвестиција во Иловица

Владите на западните земји треба поактивно да го поддржуваат ископот и преработката на критичните минерали со јавни средства, предупредува американскиот Центар за стратегии за критични минерали. Во најновиот извештај на Центарот се

БИОМЕТРИЈАТА НА ЕУ СОЗДАДЕ ПОВЕЌЕ ПРОБЛЕМИ ОД КОРИСТ – Осум држави бараат од Брисл летното олабавување на биометриските проверки да продолжи и по 6 септември

Биометрискиот систем на ЕУ предизвикува сериозни гужви и повеќечасовни чекања на границите, па дел од аеродромите привремено ги суспендираат проверките кога ќе бидат преоптоварени со патници. Поради проблемите во шпицот на летната

Демонтирана е подната фонтана каде пропаѓаа возила – пластичните држачи ќе се заменат со иноксни профили

Постојната носечка потконструкција, која беше изработена од пластични носачи што ги поддржуваа бетонските плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција изработена од иноксни профили, проектирани

Некогаш една од најубавите плажи во Преспа, денес запуштена: Мештаните сами го чистат Стење

Плажата во Стење некогаш важеше за едно од најубавите и најпосетуваните места на Преспанското Езеро. Во 2015 година таа беше уредена со песок и дополнителни содржини, а потоа привлече голем број домашни
Go toTop