Стефковски: Дојавите за бомба во 10 училишта во Гази Баба се лажни

February 7, 2025
1 min read

Утрово во 10 општински основни училишта на територија на општина Гази Баба пристигна дојава за поставена бомба.

Веднаш по примените дојави, училиштата согласно утврдените протоколи пријавиле во полиција, часовите беа прекинати, а учениците заедно со наставниците оддалечени на безбедно надвор од училиштата.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски по информациите добиени од директорите, разговараше со надлежните институции кои веднаш превземаа активности за извршување на соодветни проверки по што беше утврдено дека се работи за лажни дојави.

-Тимови од Министерството за внатрешни работи извршија соодветни проверки во сите Основни училишта во Гази Баба каде утрово пристигнаа дојави за бомби и е утврдено дека се работи за лажни дојави. Благодарност до Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и до полициските службеници за брзата реакција и експресното спроведување на безбедносните проверки. Во оние училишта каде има настава во втора смена, истата ќе се одвива согласно предвидените распореди за оддржување настава. Благодарност и до родителите за соработката, трпението и разбирањето кое го имаа ова утро, напиша градоначалникот Стефковски на социјалните мрежи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Среќен и добитен јануари со ВЛТ: Милион и триста илјади евра Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите

Следно

Фармацевтот Самар од Газа продолжува да работи од својата аптека во шатор

Latest from Blog

Македонската „Грин Машинс“ на три светски саеми во иста недела — Минхен, Лас Вегас и Ливерпул

Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, деновиве привлекоа големо внимание во Германија на светскиот саем ИФАТ — водечки меѓународен саем за технологии за животна

Хајделберг факултет: Дуалното образование е клучот за поврзување на младите со компаниите и за создавање кадар подготвен за реалната економија

Скопје, 8 мај 2026 – Дуалното образование не е само образовен модел, туку стратешка инвестиција во иднината на младите, компаниите и македонската економија. Ова беше главната порака од форумската дебата „Дуално образование
Go toTop