Адамчевски во 24 анализа: Изјавите на Трамп за планот да ја преземе Газа се само закана која веројатно нема да ја оствари

February 5, 2025
1 min read

Новинарот Мирче Адамчевски во 24 анализа рече дека изјавите на Трамп за планот да ја преземе Газа се само закана со која сака да провери до каде може да се движи. Според него тој нема да ја реализира оваа цел бидејќи многу од реакциите во Светот се дека мора да има Палестинска држава.

„Трамп колку и да се обидува нема да ја реализира оваа цел но мене ме плаши Израел затоа што ако ги гледаме работите пошироко, додека беше војната во Газа, тие ги протеруваа Палестиците од Западен Брег и имаше етнико чистење и тука е важно до каде ќе оди дијалогот со Израел и колку Трамп ќе им попушти и дали ќе им даде територија“, изјави Адамчевски.

Тој објасни дека мислењата во светот и реакциите се дека Палестиската држава треба да постои. 

„Палестинците се научени да живеат под шатори. Тие се народ подготвен и по цена да е под шатор да живеат на своја територија. Прашањето е дали ќе дозволат да има Палестинска држава на тоа тло затоа што таа е поделена“, рече Адамчевски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бела куќа: Претседателот се заложи за „привремено“ преселување на Палестинците на други места

Следно

Се помалку кадар во туристичкиот сектор

Latest from Blog

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина – Трвди КРЕМЉ

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за време на разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија за украинскиот судир, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат
Go toTop