Вистинска среќа е што ЈСП успеа да ги смени лепенките со погрешен превод во новите автобуси

February 5, 2025
1 min read

По три месеци чекање, новите автобуси од проектот „ЕУ за чист воздух“ конечно почнаа да сообраќаат, а на Јавното сообраќајно препријатие му требаа три месеци да ги смени лепенките кои имаа грешки во преводот.

Автобусите пристигнаа со налепници на македонски и албански јазик, но со несоодветни преводи, што предизвика потсмешливи реакции кај граѓаните. На пример, наместо „во случај на итна ситуација, скршете го стаклото“, една од пораките звучеше како упатство за кршење чаша.

Министерството за животна средина веднаш реагираше, а УНОПС изработи нови налепници, кои требаше да бидат залепени пред автобусите да тргнат во сообраќај.

Сепак, и покрај навремената испорака на новите налепници, ЈСП не успеа да ги замени во сите шест возила. Еден автобус остана со погрешни ознаки, па граѓаните споделуваа по социјалните мрежи. Вистинска среќа е што и таа налепница е конечно заменета.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски се сретна со амбасадорот на Австрија во земјава

Следно

ЖИЛИЕТ БИНОШ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЖИРИТО ВО КАН

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше
Go toTop