Нарушен јавниот ред и мир со тепачка меѓу ученици во Неготино

January 29, 2025
1 min read

Во средно општинско училиште во Неготино бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетни ученици. Случајот бил пријавен вчера во 12:20 часот во неготинската полициска станица, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Во Центарот за социјални работи – Неготино, во присуство на преставници од училиштето, со двајцата малолетници бил извршен службен разговор. Од СВР – Велес додаваат дека по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од СВР – Велес информираат и дека вчера во 18:10 часот во ОВР – Кавадарци, Б.Ш., на возраст од 51 година од Росоман, пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата невенчана сопруга, 39-годишната Е.Х..

„Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, истакнуваат од СВР – Велес.

Подоцна, во 18:50 часот во ОВР – Кавадарци, О.М., 75-годишна жена од село Ваташа, пријавила дека на улицата „Страшо Пинџур“ во селото била касната од куче.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија и Украина ќе потпишат мировен договор на Велигден – протече наводниот план на Трамп за запирање на војната

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче да си земе нови советници зошто не виделе дека вчера премиерот одговори за Додик

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop