Американски суд привремено го блокира барањето на Трамп за суспендирање на програмите за финансиска помош

January 29, 2025
1 min read

Федерален судија привремено го блокираше барањето на американскиот претседател Доналд Трамп да ги запре владините програми за финансиска помош додека неговата администрација спроведува преглед за да се осигура дека парите се ослободуваат во согласност со приоритетите на Белата куќа, вклучително и извршните наредби за прекин на програмите за различност, еднаквост и вклучување. 

Непосредно пред да стапи на сила замрзнувањето на финансирањето вчера попладне, судијката Лорен Алихан нареди средствата за тековните програми да продолжат да се исплаќаат до 3 февруари. Наредбата е издадена во врска со тужба од невладини организации.

Грантовите се од витално значење за локалните власти, училиштата и непрофитните организации. Владини претставници рекоа дека исплатата на средствата ќе биде суспендирана додека е во тек преглед за да се утврди дали трошењето е во согласност со најновите извршни наредби на Трамп.

Канцеларијата за управување и буџет на САД вчера издаде меморандум со кој, според судот, не е доволно јасно кои програми ќе бидат засегнати. „Се чини дека федералната влада во моментов навистина не го знае целиот опсег на програмите чие финансирање ќе биде привремено суспендирано“, рече судијата Алихан, кој беше назначен од претседателот Џо Бајден.

Во меѓувреме, вчера, Трамп издаде извршна наредба со која се стопира федералното финансирање за програмите за промена на полот за деца под 19-годишна возраст.

-Политиката на Соединетите Држави е да не ја финансираат, спонзорираат, поттикнуваат, помагаат или поддржуваат таканаречената „транзиција“ на дете од еден пол во друг и строго да ги спроведуваат сите закони…, се вели во декретот на Трамп.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Левандовски по 12. пат стана најдобар фудбалер на Полска

Следно

Пред изборите во Косово повеќе политички активности и говор на омраза

Latest from Blog

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад

ФИЈАСКО НА ПРОТЕСТОТ НА ДУИ – Наместо илјадници, во Тетово се собраа околу 200 до 300 лица

Партијата протестира против одлуката поврзана со промената на имињата на улиците, собирот помина мирно и без инциденти. Во Тетово денеска се одржа протестен марш во организација на ДУИ, поради одлуката поврзана со

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите
Go toTop