Владата се уште работи на законското уредување на правичната застапеност

January 28, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција истакна дека се работи на изработка на законот за правична застапеност, но дека се уште не е одлучено дали ќе биде ново законско решение или тоа ќе биде регулирано во рамките на постојните законски решенија.

-Се работи, се работи на ова законско решение. Дали ќе биде ново законско решение или во рамките на постојните законски решенија посебно во делот на Агенцијата за државни службеници се уште има внатрешна дебата поради уставноста на истиот да не се доведеме повторно во ситуација да донесеме имплант којшто потоа ќе треба да го исфрлиме, како што тоа се случи поради политики на друга политичка партија која што 22 години ги лажеше своите гласачи со ваков тип на имплатни, рече премиерот.

Мицкоски потенцира дека оваа Влада сака да понуди вистинско решение.

-Ние сакаме тоа што ќе го направиме да биде трајно и да понудиме вистинско решение. И откако ќе го завршиме текстот, ако биде нов закон, или ако тој нов закон се повикува на некој друг закон, ќе биде објавен во јавноста, и ќе биде пратен во Венецијанската комиисја на мислење. За да не ни се случуваат вакви импланти потоа да стануваат политичка тема бидејќи очигледно дека поедини политички партии коишто со вакви импланти ги лажеа граѓаните 22 години, за да можат да го зголемуваат контото лично, да го зголемуваат својот имот и богатство, ја претвараат оваа тема од чисто практична тема во политичка тема, рече премиерот Мицкоски.

Уставниот суд на седница на 9 октомври лани донесе одлука за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски тогаш на прес-конференција по седницата образложи дека одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно. Манипулација, ги нарече, тврдењата дека Уставниот суд укинал права на заедниците. Со одлуката се укинати одредби од законите за јавен сектор и за јавна администрација, како и подзаконските акти со кои се операционализира темелната вредност соодветна и правична застапеност.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски има 17 советници – четворица од нив се со полно работно време

Следно

Во Демократска Република Конго се одржаа протести против движењето „23 март“ и против Руанда

Latest from Blog

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените

Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството. Ова, како

Град Скопје ја разреши директорката на „Лајка“

Град Скопје донесе одлука за разрешување на директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева, што предизвика остри реакции кај здружението за заштита на животни Анима Мунди, од каде велат дека станува збор за
Go toTop