Во Демократска Република Конго се одржаа протести против движењето „23 март“ и против Руанда

January 28, 2025
1 min read

ЈАУНДЕ (АА) – Големи протести против бунтовничката група Движење „23 март“ (М23) и против Руанда се одржаа во Киншаса, главниот град на Демократска Република Конго (ДРК).

Демонстрантите се собраа на различни локации во Киншаса за да ја осудат опсадата на градот Гома од страна на М23 и наводната поддршка на Руанда за бунтовниците.

Извикувајќи слогани како „Не за М23, крај на интервенцијата на Руанда“ и „Почитувајте го нашиот суверенитет“, демонстрантите ја повикаа Владата да ја обезбеди националната безбедност и да го заштити територијалниот интегритет на земјата.

Демонстрантите запалија некои делови од француската Амбасада во Киншаса.

Додека безбедносните сили преземаат интензивни мерки за осигурување на безбедноста за време на протестите, демонстрациите продолжуваат во многу делови на главниот град.

– Судири во ДР Конго

Повеќе од 400.000 луѓе се раселени од почетокот на годината поради тековните насилни судири меѓу М23 и безбедносните сили на истокот на ДР Конго.

Откако ја презеде контролата врз многу села и градови во регионот, М23 неодамна го опколи и Гома, главниот град на провинцијата Северен Киву, со популација од околу 1 милион, правејќи ги неупотребливи градските системи за електрична енергија и вода.

Обединетите нации и Демократска Република Конго ја обвинуваат Руанда за поддршка на М23, а Руанда ги негира тврдењата.

Нападите на М23 доведоа до дипломатски тензии меѓу ДР Конго и Руанда. На 26 јануари Демократска Република Конго ги отповика сите свои дипломати од Руанда и целосно се прекинати односите меѓу двете земји.

М23, познато и како Револуционерна армија на Конго, е создадено по пропаѓањето на мировниот договор потпишан на 23 март 2009 година, и го сочинуваат членови на племето Тутси, на кое му припаѓа и претседателот на Руанда, Пол Кагаме.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата се уште работи на законското уредување на правичната застапеност

Следно

Претседателот Ердоган го прими претседателот на Претставничкиот дом на БиХ, Звиздиќ

Latest from Blog

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на
Go toTop