Со оставка на премиерот целата влада на Србија е во оставка и технички мандат

January 28, 2025
1 min read

Српскиот премиер Милош Вучевиќ, кој денеска поднесе неотповиклива оставка, изјави дека останува на функцијата се додека не се избере нов премиер, а дотогаш целата влада ќе биде во оставка и ќе работи во технички мандат.

– Ќе ја работам својата работата додека не се избере нов претседател на владата. Во овој момент целата влада е во технички мандат, со оставката на премиерот „паѓа“ целиот кабинет, паѓа фигуративно, практично целата Влада е во оставка, рече тој.

– Ќе ја вршиме работата професионално и одговорно додека не се избере нова влада или додека не се донесе некоја нова или поинаква политичка одлука, рече Вучевиќ на прес-конференција.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ, кој денеска поднесе оставка на функцијата, изјави дека трагедијата во Нови Сад кога се урна настрешницата на Железничката станица фрли огромна сенка врз сите достигнувања на владата и оти Србија од тој момент останала заглавена во таа несреќа.

– Она што фрли голема сенка врз минатата година, но секако и врз мандатот на оваа влада, беше трагичниот настан во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, голема трагедија, рече Вучевиќ, потсетувајќи дека тогаш загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. И од тој момент Србија како да е заглавена во таа несреќа, додаде Вучевиќ.

– За жал, уште еднаш видовме политички злоупотреби на оваа трагедија и обиди некој да ја капитализира катастрофата, некој политички да капитализира од загубата на човечки животи, рече Вучевиќ.

Српскиот премиер денеска соопшти дека одлуката за оставка ја донел по синоќешните настани во Нови Сад кога беа нападнати студенти.

Тој информира рече дека утрово имал долг и содржаен разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека Вучиќ ја прифатил неговата одлука и аргументите.

Вучевиќ соопшти и дека и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка.

– Мислам дека со тоа ја покажуваме одговорноста на оние кои се избрани да бидат одговорни, рече Вучевиќ на вонредната прес-конференција во Владата на Србија.

Тој истакна дека политичарите треба да прифатат одговорност и да покажат дека се подготвени да помогнат во намалувањето на тензиите во општеството.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Невреме и поплави во Италија

Следно

Мојсовски и Каевски на суд: Од почеток започна судењето за злоупотреба на спортските ваучери

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop