Мицкоски: Службите незаконски ме следеле и злоупотребувале државни ресурси

January 28, 2025
2 mins read

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски изјави дека неговото физичко следење од страна на службите додека бил лидер на опозицијата била класична злоупотреба на државните ресурси и дека, како што вели, нема никаква разлика од прислушкувањето преку злоупотреба на државни ресурси за што луѓе лежат во затвор.

-Што е разликата помеѓу злоупотреба на државните ресурси и прислушкување и физичко покривање, исто така, со злоупотреба на државните ресурси на претседател на најголема политичка партија во опозиција во тој момент? Што е разликата? Нема разлика, за ова луѓе во затвор се, за ова луѓе се во затвор. Тоа што врз основа на наводна информација добиена од информатор била составена белешка која потоа врз основа на процедурата на агенцијата  служела како алиби за да може институционално да биде следен истакна дека не е во ред, а тоа се потврдува и со тоа што МВР не била информирана. Врз основа на тоа што успеав да го видам и да го слушнам од луѓето со коишто комуницирам, а тие се вработени во агенциите коишто се занимаваат со безбедност, тогаш можам да заклучам дека станува збор за внатрешна процедура во која што се користат ресурси на овие агенции коишто најчесто постапуваат по принципот на добиена информација, без да има материјални докази, истакна Мицкоски во гостување во емисијата „360 степени”. 

Премиерот Мицкоски воедно појаснува зошто смета дека неговото следење било, како што потенцира, класична злоупотреба на државни ресурси.

-Тоа за мене не е во ред и ќе ви кажам и зашто. Затоа што ако јас сум финансирал, инспирирал вооружена формација којашто во тој момент претставувала опасност за правниот поредок и Уставот на Македонија, а тоа го констатирала една од овие две агенции, тогаш логично е таа агенција да го информира Министерството за внатрешни работи. Прашањето е зошто не го информирала? Ќе го дадам и одговорот. Затоа што тој период кога таа агенција го констатирала ова преку информација добиена од свој извор, не го информирала министерот бидејќи во тој период министер е техничкиот министер Наќе Чулев. Затоа што не е точно. Затоа што ќе се констатирало класична злоупотреба, вели Мицкоски.

Во однос на евроинтеграциите тој посочи дека се уште не сме земја членка на Европската Унија бидејќи претходната Влада го сменила името за влез во НАТО и ЕУ, прифаќајќи секакви договори кои им биле ставени на маса, бидејќи како што вели, тие мислеле дека на тој начин ќе им се прости криминалот кој што го правеле.

-Народот јасно кажа што мисли за договорот кој што тогаш беше на маса. Нормално ли беше она тегнење на пратеници во рамките на Парламентот да гласаат тогаш? Тоа е во рамките на духот на НАТО Алијанса и ЕУ вредностите? Прашањето не беше за преименување на името за НАТО, туку беше и за членство во ЕУ. Каде сме сега? Јас и вие разговараме за таа тема, а не треба да разговараме, бидејќи треба да сме членка во ЕУ. А мене таа 2018 година некои од тие европски политичари ми велеа дека сме фронтранери за 4 до 5 години ќе бидеме членка на ЕУ. Поминаа тие пет години минатата година, а каде сме ние во чекална….Виновни се овие кои што претходно ја водеа македонската влада што прифаќаа се што ќе им биде ставено на маса, мислејќи дека на тој начин криминалот и растурањето дома, ќе им бидат простени, рече Мицкоски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп инсистира на идејата за преселување на Палестинците од Газа

Следно

Студенти во Нови САД нападнати со безбол палки, една девојка потешко повредена

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop