Вучиќ: Итна реконструкција на Владата, да бидат сменети над половина од министрите

January 27, 2025
1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека бара „најитна и голема“ реконструкција на Владата на Србија и оти очекува да бидат сменети повеќе од половината од досегашните министри.

Тој пред новинарите во Палатата Србија изјави дека во тешки времиња станало јасно кои членови на владата се подготвени да се борат и да работат, а кои не.

Според него, подобрувањето на стандардот на граѓаните е најважната задача на секоја власт, пренесе Бета.

Во обраќањето најави дека во следните неколку дена ќе бидат исполнети сите студентски барања, од објавувањето на целата документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад, која е во сопственост на државата, до помилување на активистите уапсени за време на протестот.

Вучиќ пред новинарите во Палатата Србија изјави дека во наредните денови ќе бидат објавени сите документи за реконструкција на станицата, каде што 15 лица загинаа при падот на настрешницата на 1 ноември 2024 година, согласно 24-те точки. објавени од Градежниот факултет во Белград кои недостасуваат во однос на претходно објавена документација.

Тој додаде дека денеска се објавени дополнителни 925 документи, а објавувањето на останатите документи се уште е во тек.

Зборувајќи за документацијата која вклучува договори со изведувачи и подизведувачи, рече дека тие не биле означени како тајна и дека не му е јасно зошто Владата веднаш не ги објавила.

Тој изјави дека смета дека за реконструкцијата на железничката станица има вкупно 82 подизведувачи, дека до утре ќе бидат објавени договорите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари во 24 анализа: Во САД бев приватно, повторно заминувам за да договорам проекти за здравството

Следно

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа на „Мелбурн Парк“?

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop