Јаневска во Аргумент плус: Програмата за средно гимназиско образование не е менувана повеќе од 20 години, се работи на нова концепција

January 27, 2025
1 min read

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во Аргумент плус рече дека новата концепција за средно гимназиско образование која се подготвува периодов ќе внесе нов пристап на учење преку кој учениците ќе се мотивираат да учат и напредуваат.

Според неа, со новата програма ниту еден наставник нема да остане без работа туку ќе им се дозволи на учениците да се насочат кон својата иднина.

Програмата за средно гимназиско образование не е менувана повеќе од 20 години и не ги дава очекуваните и потребни резултати. Програмата мора да се промени за учениците да бидат подготвени и иако средното гимназиско образование треба да даде општа претстава сепак ние понудивме нова концепција која е иновативна. Тоа значи дека во текот на четири години учениците ќе имаат обврзни предмети а во последните две ќе имаат изборни предмети од областа на технологијата и природно математичките науки и од општествените науки“, рече Јаневска и објасни дека иако со новата концепција предметот филозофија ќе се воведе како изборен сепак учениците ќе имаат можност да го изберат.

Концепцијата е ставена на јавна расправа и во моментов собираме сугестии и се обидуваме да најдеме баланс. Проблемот тука е што филозофијата е изборен предмет и има страв дека нема да биде биран од учениците но јасно е дека учениците нема по цели паралелки да бираат предмети туку ќе бираат во согласност што она ги интересира“, изјави министерката и додаде дека критичкото мислење не се изучува само во предметот филозофија туку и во останатите предмети.

Јаневска потенцираше дека и понатаму во фокусот на МОН ќе останат проблемите со нерегуларостите, несоодветниот кадар и акредитацијата на студентските програми за кои итно мора да се изнајдат решенија.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Карактерот на средбите во САД беше на највисоко ниво досега

Следно

Мицкоски: Остануваме на нашите позиции за Бугарија, но сум подготвен да разговарам со бугарските власти

Latest from Blog

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања

Јамал: Играме најдобар фудбал, веќе можам да си замислам дека ќе го освоиме Светското првенство!

ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB Ѕвездата на Барселона и Шпанија, Ламине Јамал, верува дека „Црвената Фурија“ може да триумфира со титулата на Светското првенство ова лето. Шпанците се едни од фаворитите за

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски
Go toTop