На возилото од Министерството за политички систем му недостигале делови, а дел биле заменети

January 27, 2025
1 min read

На возилото марка „BMW“, сопственост на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, за кое минатата недела министерот Иван Стоилковиќ информираше дека е најдено во многу лоша состојба, му недостигаат делови, а одредени делови биле заменети. 

Од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците денеска го објавија записникот во кој е наведено дека недостигаат делови од моторот, левата предна врата и левото предно крило се демонтирани и на нивно место се монтирани врата и крило од друго возило, демонтиран бил браникот, а целосно извадени и двете брави од левата страна. 

Во записникот се наведува дека возилото било оставено на сервис во одлична состојба на каросеријата и не му недостигале делови, единствената маана бил блокираниот мотор. 

Возилото било оставено во „Ауто Лакер Буњо“ во Куманово поради блокиран мотор, но не било вратено во Министерството по истекот на договорите коишто што со овој сервис биле склучени на 10 март 2022 година и на 30 мај 2023 година. 

– Возилото беше однесено во овластениот сервис во текот на важност на првиот склучен договор меѓу договорните страни, од каде е констатиран сериозен дефект. По завршување на проверката и дијагностиката на возилото, утврдено е дека моторот е блокиран и дека треба да се замени со нов мотор. За состојбата беше известен Кабинетот на поранешниот министер. Поради тоа што тогашниот министер не одобри сервисирање на возилото, истото не беше сервисирано и остана во просториите на носителот на набавката, се наведува во записникот.

Административните службеници Садудин Асипи и Африм Весели, кои во име на Министерството за односи меѓу заедниците требале да го вратат возилото, имале неколку безуспешни обиди да остварат контакт со овластениот сервис.  

– Министерот побара возилото да се врати назад во просториите на МОЗ. За таа цел, во повеќе наврати во телефонски повик беше контактиран овластениот сервис од моја страна (Садудин Асипи), со барање возилото да се врати во МОЗ. Од страна на сервисерот во сите наврати ми беше ветувано дека колата ќе ја врати во текот на работната недела или по наредната недела, но истото не беше реализирано. Ова барање од страна на МОЗ, односно преку мене Садудин Асипи до сервисерот траеше неколку месеци. Во првите денови од 2025 година, државниот сектретар повторно побара од мене (Садудин Асипи) уште еднаш да ја контактирам фирмата и да барам веднаш, без одлагање возилото да биде вратено во МОЗ, а дека во спротивно ќе бидат преземени мерки согласно позитивните законски прописи. Направив повеќе неуспешни обиди телефонски да стапам во контакт со овластениот сервис, по што испратив смс порака со претходно наведеното барање. Овластениот сервис не ми одговори ниту на телефонските повици, ниту на смс пораките, се наведува во записникот.

Двајцата вработени од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, на 14 јануари со овластување од државниот секретар заминуваат во Куманово каде ја констатираат лошата состојба на возилото.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на министерката Јаневска со унгарскиот амбасадор Клеин

Следно

Филипче се дозаплетка: Ги добивал извештаите, се било „топ“ на Онкологија кога тој бил министер?!?!

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop