931 милиони денари од концесии: Историски висок приход во првите девет месеци

November 25, 2025
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во третиот квартал од 2025 година достигна рекордни 384.166.062,00 денари. Ова претставува зголемување за повеќе од два и пол пативо однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 147.703.963,00 денари денари.

Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, кога беа наплатени 260.327.223,00 денари, во споредба со 110.576.324 денариво првиот квартал од 2024 година и вториот квартал од 2025 година наплатени беа 286,355,517.00 денари, а истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 133 576 534 денари.

Збирно, за деветте месеци од 2025 година, Министерството оствари наплата од над 931.000.000 денари, што е историски успех во управувањето со природните ресурси и претставува зголемување за два и пол пати во однос на истиот период во 2024 година

Министерството очекува оваа бројка да расте со оглед на фактот дека се испратени опомени до концесионерите што се ште не ја регулирале обврската да го сторат тоа во рокот во спротивно ризикуваат со раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите. Владата на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во изминатиот период има донесено вкупно 46 одлуки за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина а дел од нив се поради неплаќање на концесискиот надоместок согласно утврдениот Тарифник.

Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи:

  • Засилени инспекциски контроли: Редовни и вонредни теренски проверки за обезбедување усогласеност со законските обврски.
  • Писмени опомени и санкции: Испратени се предупредувања до концесионерите за навремено подмирување на обврските, со едностран раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите.
  • Нов Тарифник од 1 јануари 2025: Воведен е нов Тарифник кој ја зголеми висината на надоместоците до 100%, обезбедувајќи правична вредност за користење на природните ресурси. Овие измени не се однесуваат на енергетските минерални суровини, како јагленот, со цел да се заштитат граѓаните од дополнителен притисок врз цените на електричната енергија.

Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет. Овие средства се инвестираат во:

  • Поголеми буџети за општините,
  • Инвестиции во комунална инфраструктура,
  • Проекти за енергетска транзиција и одржлив развој.
  • Проекти за заштита на животната средина.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси. Овие резултати се доказ за нашата определба да ги зајакнеме економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Јапонија

Следно

Колапс во Мадрид: Чаби Алонсо на излезната врата во Реал

Latest from Blog

Тоневски: 100 дена – проекти, реформи и план за развој

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, по повод 100 дена од преземањето на функцијата, информираше за затекнатата состојба во општината, потенцирајќи дека биле констатирани сериозни финансиски и административни проблеми. Тој посочи дека заклучно

Трамп се обрати до нацијата: Маратонски говор за успесите на неговата администрација

Нашата нација се врати поголема, побогата и посилна од кога и да е, рече во обраќањето американскиот претседател, зборувајќи од рекордните нивоа на берзите преку ниските цени на горивата до спречувањето на

Хоџа: Ја јакнеме државната контрола врз загадувачите, следи акредитирање на нашата лабораторија и за нови методи

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска ја посети централната лабораторија при Министерството и најави системско и координирано решавање на сите институционални предизвици. Хоџа, како што информира Министерството за

Милошоски на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од ЈИЕ во Будимпешта

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, на 26 и 27 февруари ќе учествува на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа, која ќе се одржи во Будимпешта, во организација на

Финансиска поддршка за спортот: Битола распредели буџет од 3 милиони денари

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година. Право на учество на јавниот повик
Go toTop