29 годишниот Александар Гавриловски е 61 жртва од пожарот во Кочани

April 7, 2025
1 min read

Трагедијата во Кочани зеде уште една жртва. Дваесет и девет годишниот Александар Гавриловски претпладнево ја загуби битката за живот. Од министерството за здравство велат дека поради тешките повреди тој итно бил транспортиран во Литванија уште на 17-ти март, а неговата состојба почнала да се влошува пред три дена.

„Покојниот Александар имаше 35 отсто изгореници од трет степен со изгореници во дишните патишта. Еден од потешките пациенти од четворицата беше и Александар.“ – Арбен Таравари министер за здравство.

Александар е вториот пациент што почина од 193 кои беа повредени и се лекуваа во државава и странство. Минатата недела исто така на само 29 годишна возраст животот го загуби и Александар Карадаковски, кој исто така беше третиран во Литванија.

Според податоците на здравствените власти уште 66 пациенти остануваат на лекување надвор од земјава, од кои двајца се во критична состојба.

Од обвинителството не откриваат нови детали околу евентуално проширување на истрагата, но тврдат дека секојдневно се прават распити, вештачења и анализи.

– Јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази. Такви дејствија, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе различни институции се во тек и денеска. – ЈОРСМ.

Премиерот Мицкоски и денеска прашан за одговорноста и надлежноста кај институциите раководени од актуелната власт се повика на обвинителството. 

– Ако цените дека јас треба да поднесам оставка од морални причини, немам проблем тоа да го сторам. Ако е за другите, до нив ќе треба да ги упатите прашањата. – реле Мицкоски.

Од досегашната истрага на обвинителството осомничени се 33 лица, меѓу кои и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, раководителка во министерството, полициски началници, поранешни и актуелни градоначалници, но и поранешни диектори на државниот пазарен инспекторат. 

Сите осомничени се товарат за предизвикување тешки дела против општата безбедност за што се предвидени затворски казни од 3 до 20 години, додека едно лице пак се терети за кривично дело примање на поткуп.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоти и покрај критиките пристигна во Москва, го чека сума од шест цифри (ВИДЕО)

Следно

Вучиќ избра мандатар кој ги поддржа демонстрантите контра студентите

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop