16 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЛОКУМАДЕС: Принудувале странски државјани да продаваат крофни на Халкидики

July 1, 2025
1 min read

Затворска казна од 16 години му е одредена на водачот на криминалната група што вршела изнуди за контрола на продажните места на крофни, односно на популарните грчки локумадес на плажите во Ситонија, на вториот крак од Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, судот го прогласил за виновен 42-годишниот маж главен во мафијата со крофни, за уцените и заканите во текот на летото 2021 година.

Грчката полиција тогаш разби криминална група во која освен водачот, учествувале уште 11 други лица, а сега, дел од нив биле ослободени, дел прогласени за виновни со парична казна.

Криминалната група за да биде единствена која продава на преполните плажи, користела методи и практики на уцени, односно во најмалку седум случаи употребиле закани по живот, нанесувале телесни повреди и употребиле огнено оружје против други продавачи на крофни, како и кон сопственици на угостителски објекти на плажите, а дополнително принудувале странски државјани да продаваат крофни со минимална заработка.

Поконкретно, како што пишуваат медиумите, мафијата со локумадес, принудувала странските државјани да продаваат 500-600 крофни дневно по цена од две евра, набавниот износ бил половина евро, исто толку добивал и продавачот, а криминалните групи имале дневен профит од 500-600 евра.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Танкер со нафта експлодираше во близина на Либија

Следно

Кос: Членство во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop