Замената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе чини од 1 400 до 1 500 денари

1 min read

Според Законот за возила, ако некое возило е во сообраќај со поинакви регистарски таблички од пропишаните, предвидена е казна од 100 евра

За замена на регистарските таблички на возилата со нови со ознаката НМК, граѓаните ќе плаќаат од 1 400 до 1 500 денари. Од нив, 200 денари се за нова сообраќајна дозвола, а 1 200 или 1 300 чинат новите таблички во зависност од нивната форма.

Сопствениците на возила што имаат таблички со ознаката МК мора да ги заменат со нови заклучно со 12 февруари 2024 година.

„Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблички во овластени станици за технички преглед каде што врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарски таблички и од страна на референтот на МВР се издаваат нова сообраќајна дозвола и нови регистарски таблички на трошок на сопственикот на возилото. Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблички е од 1 200 до 1 300 денари, во зависност од обликот на регистарската таблица“,

информираат од МВР.

За да се направи промената, сопственикот мора на шалтер да приложи лична карта (ако е фирма тогаш тековна состојба од Централниот регистар), сообраќајна дозвола и старите таблички. Уплатата, пак, може да ја направи во банка или преку ПОС-терминал на самото место.

Според Законот за возила, ако некое возило е во сообраќај со поинакви регистарски таблички од пропишаните, предвидена е казна од 100 евра.

Обврската за промена на табличките со новата ознака НМК ја наметнува членот 25 од Законот за возила и членот 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот за издавање таблички.

Законските измени за промена на ознаката на табличките дојдоа како резултат на Преспанскиот договор што земјава во потпиша со Грција во јуни 2018 година,

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Општина Бутел со брза реакција го дочека првиот снег

Следно

Финска и Шведска одлучни во пакет да влезат во НАТО

Latest from Blog

КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА, НО НЕ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ: Поранешната кошаркарка се соблака на „Онлифанс“ за да го прехрани синот, порано продавала облека, но не било доволно!

Милица Дабовиќ некогаш беше позната како успешна кошаркарка на српската репрезентација, но денес нејзиниот живот доби

УЕФА ја казни Барселона

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за