Вучевиќ: Македонија и Албанија имаат нула поени, а сторија се за ЕУ – тоа е голема неправда и обесхрабрувачки за сите нас

1 min read

Македонија и Албанија имаат нула поени, а сторија се за ЕУ – тоа е голема неправда и обесхрабрувачки за сите нас, вели Вучевиќ за евроинтеграциите на регионот.

Горд сум на нашите односи. Би сакал овие односи да бидат сѐ подобри и подобри. Ме загрижуваат демографските податоци. Македонија и Србија имаат изгубено значителен дел од населението и тоа е голем проблем и луѓето треба да разберат што се случува, вели министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ во ексклузивното интервјуто за Вечер.мк.

-Македонија и Албанија имаат нула поени, а сторија се за ЕУ – тоа е голема неправда и обесхрабрувачки за сите нас, аргументира Вучевиќ за евроинтеграциите на регионот.

Како се чувствувате во Македонија и како таа ви изгледа од денешна перспектива?

-Секогаш добро се чувствувам кога сум во Македонија меѓу моите пријатели. Не можам да кажам дека сум како дома, но речиси како да сум дома, два пријателски и братски народи, македонскиот и српскиот, и две добри држави со одлични меѓусебни односи – пријатно ми е. Гледам дека Македонија се развива и драго ми е заради тоа, и секогаш гледам нешто ново. Задоволен сум што српско-македонските односи се на високо ниво, би сакал да бидат уште подобри, некои големи работи решивме, поправивме, унапредивме, и тоа е плус и за едната и за другата страна.

Целото интервју на Вучевиќ можете да го прочитате ТУКА

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Над 40 отсто од територијата на Украина е минирана

Следно

Борн: Нема преговори за старосната граница за пензионирање

Latest from Blog