Коалицијата ВЛЕН денеска презентираше документи во врска со барањето за одржување митинг на 6 мај во Тетово, откако и Европскиот фронт најави митинг на истото место и истиот ден.
По неколку преписки на социјалните мрежи меѓу овие две коалиции, ВЛЕН денеска објави дека тие први побарале дозвола за митинг на плоштадот Илирија во Тетово, а не Европскиот фронт, како што објавија од таму.
Во овие документи може да се види дека ВЛЕН побарал на 11 април за овој митинг, додека Европскиот фронт на 12 април.
Извор: alsat.mk