Вработените од Министерството за култура на протест, бараат зголемување на платите

March 24, 2023
1 min read

Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм денеса се собраа на протест пред Министерството за финансии, изразувајќи незадоволство поради своите месечни примања.

Како што изјави претседателот на Синдикалната организација при Министерството за култура на УПОЗ, Бранко Костовски, платите на речиси 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10 илјади денари.

Тој додаде дека Синдикалната организација при Министерството за култура веќе има изготвено Предлог-текст на колективниот договор, кој предвидува објективно и коректно покачување на платите на вработените, за кој минатата година Министерството за финансии даде негативно мислење. Но по само неколку дена, како што напомена, со Законот за буџетите се утврди зголемување на платите од 30 отсто за вработените во Министерството за финансии.

– Ние го поздравуваме зголемувањето на платите на нашите колеги од Министерството за финансии, но истовремено бараме од министерот за финансии, Владата и премиерот да не дозволат нерамноправен третман на вработените во државните органи. Ги охрабруваме и нашите колеги во другите министерства да ни се придружат и заеднички да се избориме за она што ни следува. Ние имаме поддршка од раководството, од одговорните лица во Министерството за култура и ќе продолжиме по институционален пат да бараме покачување на платите, рече Костовски.

Тој додаде дека државната администрација не смее и не треба да се потценува со никакви квалификации, туку нејзината работа треба да биде признаена и вреднувана.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Руски офицер осуден на шест и пол години затвор поради дезертерство

Следно

СПРЕМЕТЕ СИ ПОВЕЌЕ ПАРИ – поскапуваат патарините во Србија!

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop