Руски офицер осуден на шест и пол години затвор поради дезертерство

March 24, 2023
1 min read

Според информациите, станува збор триесет и шестгодишниот мајор Михаил Жилин, припадник на руската Федерална служба за заштита. Тој, минатата година кога рускиот претседател Владимир Путин ја објави одлуката за делумна мобилизација, побегнал во Казахстан илегално минувајќи ја границата преку шумски појас. Неговата сопруга и децата со возило влегле во соседната земја преку контролен пункт

Офицер на руската Федерална служба за безбедност, кој побегнал од земјата бидејќи бил против инвазијата на Украина, е осуден на шест и пол години затворска казна, пишува Ројтерс повикувајќи се на информативната интернет-страница „Тајга инфо“ со седиште во Новосибирск.

Контингент возила на руската војска како се движат во регионот на Харков (Илустративна фотографија)/Фото: EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS SERVICE/HANDOUT HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Според информациите, станува збор триесет и шестгодишниот мајор Михаил Жилин, припадник на руската Федерална служба за заштита. Тој, минатата година кога рускиот претседател Владимир Путин ја објави одлуката за делумна мобилизација, побегнал во Казахстан илегално минувајќи ја границата преку шумски појас. Неговата сопруга и децата со возило влегле во соседната земја преку контролен пункт.

Жилин барал статус на бегалец во поранешната советска република, но неговото барање било одбиено од казахстанските власти и му било оневозможено да замине за Ерменија.

Кон крајот на минатата година тој им бил предаден на руските власти, а според последните информации е и осуден, што, како што се наведува, е редок случај офицер да биде осуден за дезертерство.

Делумната мобилизација беше објавена од рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември минатата година. Со неа беа опфатени 300 000 резервисти, кои им беа потребни на руските сили по серијата воени порази во областа Харков во источна Украина и зголемениот притисок врз нивните сили во јужниот регион Херсон.

Мобилизацијата заврши на 28 октомври, а во меѓувреме голем број руски граѓани ја напуштија земјата бегајќи најчесто во соседните земји, а низ Русија се одржаа и протести против ваквата одлука.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Приведен скопјанец поради џебни кражби

Следно

Вработените од Министерството за култура на протест, бараат зголемување на платите

Latest from Blog

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи

Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба

Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата.  Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени
Go toTop