Во војната загинаа и 262 украински спортисти, изјави украинскиот министер за млади и спорт Вадим Хутсаит

April 2, 2023
1 min read

Војната на Русија против Украина досега ги однесе животите на 262 украински спортисти и уништи 363 спортски објекти, изјави украинскиот министер за млади и спорт Вадим Хутсаит.

На средбата со претседателот на Меѓународната гимнастичка федерација, Моринари Ватанабе, украинскиот министер кажа дека на ниту еден руски спортист не смее да му се дозволи да учествува на Олимпијадата или на други спортски натпревари,пренесе Хина.

-Сите тие ја поддржуваат оваа војна и присуствуваат на настани што се одржуваат за поддршка на војната, изјави Хутсаит, а пренесе Интернет-страницата на претседателот Володимир Зеленски.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) препорача постепено враќање на руските и белоруските спортисти на меѓународните натпреварувања, како неутрални натпреварувачи, иако се уште нема одлучено за нивното учество на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Украина во петокот соопшти дека на нејзините спортисти нема да им биде дозволено да учествуваат во квалификациите за Олимписките игри во 2024 година доколку мораат да се натпреваруваат против Русите, одлука што ја критикуваше ИОК.

Бројката на загинати украински спортисти или уништени спортски објекти засега не може да се провери од независни извори.

По инвазијата на Русија врз Украина на 24 февруари 2022 година, голем број украински спортисти доброволно го земаа оружјето за да ја одбранат својата земја.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Муцунски: Лицата со аутизам ја имаат нашата поддршка, подготвени сме заеднички да ги надминеме сите предизвици и пречки

Следно

Турскиот министер за одбрана: „Во последните три месеци Туркије неутрализира 340 терористи“

Latest from Blog

Доаѓа топол бран – oд утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени

Доаѓа топлотен бран во Македонија. Од утре до средината на следната недела температурите наместа ќе надминат 40 степени. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност

ТАМАРА КОТЕВСКА И СЕНАД АБДУЛИ ПОЧНАА ДА ГИ СНИМААТ ДЕБИТАНТСКИТЕ ИГРАНИ ФИЛМОВИ „ЧОВЕК ПРОТИВ ЈАТО“ И „ДОГОВОР“

Тамара Котевска, корежисерката на „Медена земја“ што доби историски 2 номинации за Оскар во 2020, за најдобар странски филм и за најдобар документарец, почна да го снима дебитантскиот игран игран филм „„Човек

ВИДЕО: Пожар во Грција, туристите итно се евакуираат

Голем пожар изби денес во шумскиот предел кај местото Ливари, во близина на туристичкото летувалиште Вурвуру на Ситонија. Во гаснењето на пожарот учествува голем број пожарникари, а жителите и туристите добиле итни
Go toTop