Муцунски: Лицата со аутизам ја имаат нашата поддршка, подготвени сме заеднички да ги надминеме сите предизвици и пречки

April 2, 2023
1 min read

Зградата на детската градинка „Буба Мара“ беше обоена во сина боја, со што Општина Аеродром даде симболична поддршка во одбележување на Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот.

Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна потенцираше дека на ваков начин тој како градоначалник и општината праќа силна порака за поддршка на лицата со аутизам и покажуваат подготвеност заеднички да ги надминеме сите предизвици и пречки.

„Осветлувањето на објектите во сина боја е важно за подигнување на свеста за овој проблем, но и начин преку кој даваме поддршка за лицата кои живеат со аутизам и нивните семејства. Сите заеднички неопходно е да правиме многу повеќе – преку инклузивно образование, еднакви можности и средина каде сите ќе бидат еднакво почитувани“, истакна Муцунски во својата објава.

Преку секојдневните активности и проекти, Општина Аеродром активно работи на создаваање институции и заедница кои ќе бидат целосно инклузивни и ќе овозможат еднаков пристап и третман за сите граѓани кои живеат во општината.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Црногорците избираат меѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ на вториот круг од претседателските избори

Следно

Во војната загинаа и 262 украински спортисти, изјави украинскиот министер за млади и спорт Вадим Хутсаит

Latest from Blog

Меџити ги прими шампионите U13 од ФК „Албарса“

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, пречека во својата канцеларија младите фудбалери на ФК „Албарса“, заедно со нивниот тренер Меритон Бериша, кои се закитија со шампионската титула

Македонскиот рубин официјално заштитен како национален минерален симбол

Македонија испиша нова страница во заштитата на своето природно богатство. Македонскиот рубин официјално е заштитен како национален полускапоцен камен, со што државата за првпат добива официјално заштитен минерален симбол од ваков вид.

Над 21 милион денари промет на Македонската берза, најактивни Авто гума и Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.06.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.758,05 поени. Во однос

Коњановски: Битола учи од успешните енергетски заедници во Хрватска

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со колеги од Македонија и претставници на други општини, учествуваше на повеќедневна студиска посета на Република Хрватска, посветена на запознавање со концептот и функционирањето на
Go toTop