Турскиот министер за одбрана: „Во последните три месеци Туркије неутрализира 340 терористи“

1 min read

ХАТАЈ (АА) – Турските вооружени сили неутрализираа вкупно 340 терористи на ПКК/ЈПГ во последните три месеци, изјави министерот за национална одбрана на Туркије, Хулуси Акар, јавува Анадолу.

„Одлучни сме и способни да ја спасиме нашата нација од оваа неволја што ја измачува нашата благородна нација 40 години. Турските војници во последните три месеци неутрализираа 340 терористи.“

„Ние сме решени да ги неутрализираме терористите, без разлика кој стои зад нив, дали обезбедува оружје, хеликоптери, муниција или пари“, рече Акар во јужната турска област Хатај.

Нагласи дека единствена цел на Анкара е тероризмот што ги загрозува границите и националната безбедност на земјата.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е нејзин сириски огранок.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Во војната загинаа и 262 украински спортисти, изјави украинскиот министер за млади и спорт Вадим Хутсаит

Следно

Книгата обложена со човечка кожа и понатаму мистерија во Казахстан

Latest from Blog