Во Софија повторно дојави за поставени бомби во училишта

1 min read

Во е-пораките е упатено и барање за плаќање во биткоини

Најмалку 50 училишта во Софија утринава добиле мејлови со закани за поставена експлозивна направа.

Надлежните органи соопштија дека од сите училишта децата се евакуирани во дворовите, а во дел од нив наставата е прекината.

Закани се добиени и на неколку универзитети во Софија.

Во е-пораките е упатено и барање за плаќање во биткоини, јави БТВ.

Во пораките се наведува дека заканите може да престанат, но „доколку се префрли голема количина на биткоини. Ако нема пари, теророт ќе продолжи. Ако има пари, се ќе биде готово“, пренесува БТВ.

Последни евакуации беа преземени во училишта низ државата на 30 март. Во изминатата недела беа регистрирани над 100 дојави за поставени бомби во училишта во областите Плевен, Сливен, Варна, Бургас и Софија. Електронските пораките беа речиси идентични во сите училишта.

Техничкиот министер за внатрешни работи Иван Дерменџиев вчера изјави дека според новиот протокол за акција веќе нема да бидат затворани објекти ако биде добиена закана за поставена бомба.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

УНИЦЕФ: Повеќе од 500 деца се убиени во Украина од почетокот на војната

Следно

СЗО: Можно е зголемување за 55 проценти на заболените од рак до 2040 година

Latest from Blog