СЗО: Можно е зголемување за 55 проценти на заболените од рак до 2040 година

1 min read

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на рак во светот се очекува да се зголеми за 55 отсто до 2040 година во споредба со 2020 година.

– Доколку стапката на рак остане стабилна, а растот на населението и стареењето продолжат паралелно, се проценува дека до 2040 година во светот ќе бидат регистрирани 28 милиони нови случаи на рак, објави СЗО.

До 2040 година, бројот на заболени од рак се очекува да се зголеми за 54,9 отсто во споредба со 2020 година, при што зголемувањето е за 60,6 проценти поголемо кај мажите отколку кај жените.

Ракот, втора водечка причина за смрт, секоја година се дијагностицира кај 734.000 луѓе, а во 2020 година, една од шест смртни случаи се должи на канцер.

На повеќе од 19,2 милиони луѓе ширум светот им бил дијагностициран рак во 2020 година, додека повеќе од 9,9 милиони луѓе починале од оваа болест.

Околу 400.000 деца годишно заболуваат од рак ширум светот.

Од 30 до 50 проценти од смртните случаи предизвикани од рак може да се спречат со рана дијагноза и ефикасен третман, додека значителен број пациенти немаат пристап до навремена дијагноза и третман.

Според Меѓународната агенција за истражување на ракот, најмногу случаи има во Азија – 9,5 милиони.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Во Софија повторно дојави за поставени бомби во училишта

Следно

Ципрас до ЛГБТ+ заедницата: Институционализирање на бракот за сите парови независно од полот

Latest from Blog