УНИЦЕФ: Повеќе од 500 деца се убиени во Украина од почетокот на војната

1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Повеќе од 500 деца се убиени во Украина откако Русија започна напад врз таа земја, соопшти Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), пренесува Анадолу.

„Уште една трагична пресвртница за украинските деца и семејства. Најмалку 501 дете се убиени од ескалацијата на војната во февруари 2022 година“, напиша извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, на Твитер.

Таа истакна дека вистинската бројка веројатно е многу поголема од онаа што ја потврди УНИЦЕФ.

Расел рече дека околу 1.000 деца се повредени и останале со рани и лузни што би можело да траат доживотно.

„Зад секој број се крие распаднато семејство и засекогаш променето. Тоа е потресно. На крајот на денот на децата и на семејствата им е потребен мир”, додаде Расел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

„КАЈМАК“ ЌЕ ИГРА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ЦЕЛА ЈУЖНА И СРЕДНА АМЕРИКА И НА КАРИБИТЕ

Следно

Во Софија повторно дојави за поставени бомби во училишта

Latest from Blog