Вo Хрватска протекоа повеќе од 180.000 лични податоци на граѓани

March 27, 2023
1 min read

Над 181.000 лични податоци на хрватски граѓани протекоа од компанијата ЕОС Матрикс, која им помага на компаниите професионално да си ги наплатат долговите, а меѓу нив се и податоци на неколку стотици малолетници, што е најголемото протекување на лични податоци досега.

Според Индекс, ова е второ големо протекување на податоци по отворената истрага во декември минатата година за протекување на 77.000 лични податоци од друга агенција за наплата на долгови, Б2 Капитал.

Како и во случајот со Б2 Капитал, Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗОП) за Индекс потврди дека започнала надзорна постапка.

Како што е наведено, АЗОП добила анонимна пријава дека постои основано сомневање дека голем број агенции за наплата на долгови кои работат во Хрватска разменуваат бази на податоци, што не би требало да го прават, при што доаѓа до протекување на тие податоци.

На овој начин протекоа лични податоци на 181.641 лице, меѓу кои име и презиме, матичен број, датум на раѓање, а покрај должници има и содолжници, жиранти и заложни должници.

Спорно е дека базата на податоци на ЕОС Матрикс содржи и лични податоци на 294 малолетници, а не е јасно како таа агенција ги собирала личните податоци на малолетниците.

Од ЕОС Матрикс признаа дека нивната база навистина содржи податоци за малолетници, но наведуваат дека тоа е направено врз основа на судски пресуди за наследување, односно за лица за кои е утврдено дека се наследници на лица кои се должници.

Индекс откри дека за ЕОС Матрикс, наследниците всушност вклучуваат потенцијални наследници, т.е. деца на должници, потенцијални идни должници. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пукано кон објектот на телевизијата Топ чанел во Тирана, убиено лице од обезбедувањето

Следно

Колумна на Ристо Симеонов: Новиот Клинички центар

Latest from Blog

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Едно лице го загуби животот, а друго е со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови на делницата помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи
Go toTop