Пукано кон објектот на телевизијата Топ чанел во Тирана, убиено лице од обезбедувањето

March 27, 2023
1 min read

Како што пренесува телевизијата, повикувајќи се на информации од албанските истражни органи, возило марка „рејнџ ровер“, за кое се верува дека има припаѓало на напаѓачите, е пронајдено запалено на автопатот во близина на Каваја

Непознати напаѓачи ноќеска пукале со огнено оружје кон објектот на Топ чанел, најгледаната албанска телевизија. Во инцидентот, кој се случил околу 1 часот по полноќ, убиен е 60-годишниот Пали Кока, ангажиран како обезбедување.

Полицијата и обвинителството го истражуваат случајот. Засега нема детали за околностите и мотивите за вооружениот напад.

Полициски екипи пред објектот на ТВ Топ чанел/Фото: Топ чанел

Како што пренесува телевизијата, повикувајќи се на информации од албанските истражни органи, возило марка „рејнџ ровер“, за кое се верува дека има припаѓало на напаѓачите, е пронајдено запалено на автопатот во близина на Каваја.

Запаленото возило „рејнџ ровер“ за кое се верува дека им припаѓало на напаѓачите/Фото: Топ чанел

Полициски екипи веднаш по пријавата излегле на местото на настанот, а увидните екипи продолжуваат со работата за прибирање докази за расчистување на случајот и пронаоѓање на напаѓачите.

По инцидентот, веднаш реагираше албанскиот претседател Блерим Бегај, кој рече дека станува збор за сериозен инцидент. Тој побара од надлежните брзо да го расветлат случајот, истовремено изразувајќи сочувство до семејството на убиениот.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Расчистена дива депонија во Скопје Север

Следно

Вo Хрватска протекоа повеќе од 180.000 лични податоци на граѓани

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop