Во авионската несреќа во Непал 68 загинати, потрагата по четворицата исчезнати е во тек

January 16, 2023
1 min read

Во авионот кој летал од Катманду до Покара, почетната точка за експедиции до познатата планина Анапурна, имало 57 непалски државјани, петмина Индијци, четворица Руси, двајца државјани на Јужна Кореја и по едно лице од Аргентина, Ирска, Австралија и Франција

Спасувачките екипи денеска ја продолжија потрагата во Непал по четири лица исчезнати по најтешката авионска несреќа во земјата во последните 30 години, соопштија властите. Досега се пронајдени телата на 68 лица, од кои 72 биле во авионот АТР 72 сопственост на Јети ерлајнс кој се урна во туристичкиот град Покара неколку минути пред слетувањето во неделата, иако временските услови беа поволни.

Во авионот кој летал од Катманду до Покара, почетната точка за експедиции до познатата планина Анапурна, имало 57 непалски државјани, петмина Индијци, четворица Руси, двајца државјани на Јужна Кореја и по едно лице од Аргентина, Ирска, Австралија и Франција.

Претставник на полицијата од Похара изјави дека потрагата по преостанатите патници, кои засега се сметаат за исчезнати, продолжува.

„Ќе извлечеме пет тела од кањонот и ќе продолжиме да ги бараме преостанатите четири кои сè уште не ги најдовме“,

изјави Ајај К.Ц. за Ројтерс, додавајќи дека преостанатите 63 тела се испратени во болница.

Спасувачите бараат и црни кутии од авионот, кои ја снимаат комуникацијата помеѓу авионот и контролата на летот и сите податоци за летот. Во понеделникот Непал прогласи национален ден на жалост и формираше комитет за истрага на оваа несреќа, кој ќе има задача да предложи мерки за избегнување на вакви несреќи во иднина.

Најавено е дека телата ќе им бидат предадени на семејствата по идентификација и обдукција.

Речиси 350 луѓе загинаа од 2000 година во авионски и хеликоптерски несреќи во Непал, кој е дом на осум од 14-те највисоки планински врвови во светот, вклучувајќи го и највисокиот – Еверест. Во Непал, ненадејните промени во временските услови се доста вообичаени, а тоа може да ги направи условите за летање многу опасни.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Еве со која јачина беше почувствуван земјотресот од Албанија во Македонија

Следно

Целосно изгоре „опел“ на еден скопски булевар

Latest from Blog

Собослаи ќе добие нов договор во Ливерпул и ќе биде нов капитен

фото: LFC (X) Доминик Собослај е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул од почетокот на сеозната, па клупското раководство веќе размислува да му понуди нов договор. Капитенот на унгарската репрезентација наскоро ќе

Ѓорѓиевски: За 72 часа ќе видиме резултати од големата акција во Скопје

Започна големата акција за чистење на главниот град, со која во следните 72 часа се очекува Скопје да добие нов, почист и поуреден изглед. Ангажирани се екипи од јавните претпријатија, механизација, камиони

САКАЛ ДА СЕ БАЊА ВО БАЗЕН, ПА СЕГА ПЛИВА ВО ЗЛАТО Французин во својот двор открил златни прачки и монети

Французин открил богатство вредно речиси 700.000 евра додека копал базен во својата градина, а властите му дозволиле да остена кај него бидејќи оцениле дека е легално стекнато. Тој пронашол „5 златни прачки

Почина „Живата Барбика“ – поминала низ 27 операции за да личи на славната кукла (ФОТО)

Веста за нејзината смрт ги шокира милионите луѓе низ целиот свет, особено нејзините следбеници кои со години ја следеа нејзината трансформација и јавниот живот. Според странските медиуми, полицијата започнала истрага за околностите
Go toTop