ВМРО-ДПМНЕ: Веќе две недели скопјани се гушат во загаден воздух, Арсовска, СДС и Левица мува не ги лази, ама за тоа мислат за некој тендер и криминал повеќе

January 10, 2023
1 min read

Веќе 10-тина дена скопјани се гушат во загаден воздух, а коалицијата СДС, Левица и Арсовска мува не ги лази. Наместо да предлагаат некакви се полумерки и вондредни седници, нека седнат СДС и Арсовска, па тоа било и на тајна средба и нека донесат вистински и суштински мерки за загадувањето. Полумерките на СДС се со единствена цел, да се полни касата на ЈСП Скопје, бидејќи директорот на ова претпријатие e кадар на СДС и преку тенедери во 4 очи со омилената фирма Пуцко Петрол да ги украдат парите на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„А, за возврат граѓаните да добијат намален број на градски автобуси, наместо тој број да биде зголемен.

Целосна неодговорност од страна на СДС и Арсовска за здравјето на скопјани. Забораваат од СДС дека веќе 7 години се на централна власт и немаат ниту еден проект за почист воздух и здрава животна средина во Скопје.

Толку од зелените агенди на СДС и нивните коалициони партнери, Над 20 милијарди евра од изминатите буџети потрошени и украдени пари, а без ниту еден капитален проект за справување со загадувањето.

Се што прави коалцијата СДС, Левица и Арсовска е за личен профит и некој тендер плус, а на штета на граѓаните. За тоа најпотребни се предвремени парламентарни избори за излез од овие кризи, за кои најодговорни се СДС“ – посочуваат од партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Патнички автобуси ја поминаа границата на Русија и Кина првпат од 2020 година

Следно

Ново издание на 360°: Дали Заев го урива Ковачевски и се договара со Мицкоски – интервју со вицепремиерот Маричиќ

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop