Ново издание на 360°: Дали Заев го урива Ковачевски и се договара со Мицкоски – интервју со вицепремиерот Маричиќ

January 10, 2023
1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 9 јануари 2023 г. на ТВ Алсат, во кое гостуваше Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања

Со вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, разговараме за медиумските написи дека „Заев подмолно се обидува да го урне Ковачевски“ и дека пред дел од сопартијците презентирал план за влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, по избори што би се одржале оваа пролет. Маричиќ го прашуваме и за друга идеја што циркулира во политички кругови – за широка предизборна ,,проевропска” коалиција на сите наспроти ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Тема е и новиот систем за влез во 30 европски земји, кој треба да профункционира оваа година, а се однесува и на граѓаните на Северна Македонија. ЕТИАС предвидува претходно одобрување на патување во некоја од 30 држави, главно членки на ЕУ, преку пополнување онлајн-апликација и плаќање седум евра. Дали ЕТИАС ги враќа шенген-визите за македонските граѓани? Можно ли земјите од регионот што преговараат за влез во ЕУ да бидат изземени?

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Веќе две недели скопјани се гушат во загаден воздух, Арсовска, СДС и Левица мува не ги лази, ама за тоа мислат за некој тендер и криминал повеќе

Следно

Дождот го расчисти воздухот во Скопје

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop