„Владата на Ковачевски е влада на Бугарија, и на Албанија, не е само влада на Македонија, затоа владеат со притисоци и уцени“

January 22, 2023
1 min read

Владата на Ковачевски е влада на Бугарија, и на Албанија, не е само влада на Македонија, затоа владеат со притисоци и уцени. Нема барање на Албанија и на Бугарија кое не го исполнија, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Антивладиното расположение кај народот се зголемува со секој насилен обид на Ковачевски и СДС да се одржат вештачки на власт. Тоа го знаат и во СДС, тоа го знае и Ковачевски. Затоа е големата нервоза кај нив. Затоа не знаат кого попрво да обвинат за својата очајна политика. Прво удрија по медиумите, сега удираат и по своите членови и пратеници кои се за предвремени избори. Нивните пратеници, на кои им е јасно дека владата на Ковачевски се одржува на апарати, се наоѓаат под сериозен притисок и закани како директни, така и индиректни од посредници, но и насилници и ликови од подземјето. Се поголем број членови на СДС и нивни функционери сваќаат дека агонијата со оваа власт може да се прекине само со предвремени избори. Тие гледаат дека СДС се претвори во владин приврзок на ДУИ и секој ден власт со Ковачевски е лошо и за СДС и за Македонија, велат од партијата.

Од таму додаваат дека насилниците и оние кои упатуваат закани кон пратеници, но и нарачателите треба да знаат дека за тоа ќе одговараат. Никој веќе не се плаши на заканите и притисоците на оваа власт. нивниот политички крај се ближи. Борбата за Македонија нема цена и во оваа борба народот ќе извојува победа над власта на Ковачевски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пронајдени шест нови доверливи документи во домот на Бајден

Следно

157 санкционирани возачи во Скопје, 44 за брзо возење

Latest from Blog

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето

Свештеникот упати трогателна порака до трите мали деца на Жота на неговиот погреб

Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа што се случи по полноќ во четвртокот, кога автомобилот од марката Ламборџини излета од патот и се запали. Браќата беа погребани денеска во родниот

ЕУ подготвува опции за санкции додека притисокот врз Израел расте

ЛОНДОН (АА) – Европската Унија се очекува да претстави серија можни казнени мерки против Израел следната недела како одговор на неговите дејствија во Газа, иако поделбите меѓу земјите членки го прават нивното
Go toTop