Пронајдени шест нови доверливи документи во домот на Бајден

January 22, 2023
1 min read

Истражителите на американското Министерство за правда пронајдоа уште шест доверливи документи за време на претресот на домот на претседателот Џо Бајден во Делавер, пренесува Би-Би-Си. Некои документи запленети на имотот во Вилмингтон во петокот се од неговото време како сенатор, а други од неговиот мандат како потпретседател на САД. Адвокатот на претседателот, Боб Бауер, изјавил дека меѓу одземените материјали имало и лични белешки, рачно напишани.

Претресот траел 13 часа , а во домот не биле ниту претседателот , ниту неговата сопруга.

Медиумите потсетуваат дека Бајден пред неколку дена изјави дека „не жали“ што се пронајдени доверливи документи во неговиот дом и поранешна канцеларија и дека верува дека проблемот ќе се реши.

„Не жалам. Мислам дека ќе откриете дека нема ништо таму. Целосно соработуваме и со нетрпение очекуваме брзо да го решиме ова прашање“, им рече Бајден на новинарите во четвртокот додека беше во Калифорнија за да ги согледа штетите од невремето.

Тој додаде дека документите веднаш по нивното пронаоѓање се предадени на Државниот архив. Адвокатскиот тим на Бајден минатата недела соопшти дека во ноември открил околу 10 досиеја во заклучен кабинет во центарот Пен Бајден во Вашингтон.

Два дена подоцна, на 12 јануари, Белата куќа објави дека во домот на Бајден бил пронајден втор сет на доверливи документи од неговото време како потпретседател во администрацијата на Барак Обама.

Адвокатите на претседателот пронајдоа документи во гаражата на домот на Бајден во градот Вилмингтон, Делавер, а еден доверлив документ е пронајден во соба до гаражата, соопшти тогаш Белата куќа.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Луис Енрике пред промоција на селекторската функција на Бразил

Следно

„Владата на Ковачевски е влада на Бугарија, и на Албанија, не е само влада на Македонија, затоа владеат со притисоци и уцени“

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop