Вечерва во 360°: Вртоглави суми за надзорот над „Бехтел и Енка“ – 300 илјади евра по преговарач, 20 илјади евра месечно за надзорен инженер

1 min read

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (13 март 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат

Во ова издание:

– Нови детали за спорниот надзор над ,,Бехтел и Енка” – најголем дел од 22-та милиони евра ќе поминат преку анонимната македонска фирма ,,Електра солушнс”: Стотиците страници документи носат до јасен заклучок дека надзорот не е воопшто италијански, туку пред се домашен, македонски;

– Вртоглави суми за надзорот над ,,Бехтел и Енка” – за четворица преговарачи за цената предвидени по 300 илјади евра паушал, за четворица надзорни инженери по 20 илјади евра месечно, за геометри – по 5 600 евра месечно;

– Американскиот глобален координатор за антикорупција, Ричард Нефју, го прашавме дали случајот со „Бехтел и Енха“ не ги поткува заложбите на САД да ја помогнат борбата против корупцијата во Северна Македонија;

– Легендарната дивоградба на „Пластичарска“ никако да падне – полицијата во последен момент ја откажала асистенцијата за Општина Центар; Во меѓувреме, нови спорни градби никнуваат на Водно надвор од урбанизираната зона;

– „Саботажа“.

Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Симов нов тренер на Македонија ЃП

Следно

Бајден уверува дека банкарскиот систем на САД е стабилен и покрај ненадејниот колапс на СВБ 

Latest from Blog