Вечерва во 360°: Интервју со Албин Курти – Охрид и Преспа носат симболика на договарање

1 min read

Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое објавуваме интервју со косовскиот премиер Албин Курти, се емитува вечерва (17 март 2023 г.) од 22:15 часот на ТВ Алсат

Во „360 степени“ вечерва ќе гледате интервју со косовскиот премиер Албин Курти. Разговорот со Курти го води новинарот на „360 степени“, Хекуран Акифи, и е снимен денеска во Приштина, во пресрет на утрешната негова средба во Охрид со српскиот претседател Александар Вучиќ во присуство на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел. Во фокусот на интервјуто се прашањата за очекувањата од средбата и најчувствителните елементи од дијалогот Белград–Приштина. Може ли Охрид повторно да биде место на историски договор? Курти го прашуваме и за неговиот однос со партиите на Албанците во Северна Македонија, како и за косовското искуство со „Бехтел и Енка“.

Емисијата се емитува од 22:15 часот на ТВ Алсат.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Макрон може тоа што Орбан не смее

Следно

Судот во Хаг издаде налог за апсење на Путин

Latest from Blog