Макрон може тоа што Орбан не смее

1 min read

Францускиот претседател Емануел Макрон реши да искористи специјални законодавни овластувања за да го заобиколи парламентот и да ги октроира своите исклучително непопуларни пензиски реформи.

До пред некој ден, тој и неговата премиерка, Елизабет Борн, очајнички се обидуваа да убедат доволно пратеници да ја поддржат нивната програма. Безуспешно. Како и мнозинството граѓани, француските пратеници генерално се противат на плановите за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

За да избегне пораз во парламентот, Макрон се повика на контроверзната уставна алатка – членот 49.3 – за да ги бајпасира  правните и демократски стандарди и да владее директно.

Употребата на оваа „законодавна нуклеарка“ предизвика хаотични сцени и во парламентот и на улиците. Противниците на Макрон предупредуваат дека Франција се соочува со „демократски распад“.

Повикувајќи се на наведениот член, Макрон не само што ги спречи членовите на францускиот парламент да ги искористат своите гласови, туку и ја погази волјата на јавноста. Како што објасни Шарл де Курсон, долгогодишен независен парламентарец, поддржувачите на Макрон „не се само малцинство во парламентот, тие се малцинство во целата земја“.

„Рамнодушноста на ЕУ кон законодавниот удар на Макрон го разоткрива нејзиното лицемерие околу владеењето на правото и демократијата“, пишува Франк Фуреди. „Изминатите две децении, Брисел го претвори „владеењето на правото“ во света кауза и на таа тема постојано обвинуваше земји-членки на ЕУ кога нивните влади правеа работи што Брисел не ги одобрува.

Сега, кога Макрон ги отфрла сите демократски конвенции за да ја наметне својата волја, Брисел молчи.

„Можете ли да го замислите одговорот на Брисел, ако, да речеме, Унгарија или Полска прибегнаа кон нивниот еквивалент на членот 49.3 за да протуркаат слична непопуларна законодавна програма? Брисел ќе ги осудеше како авторитарни рушители на демократијата“.

И самиот Макрон е совршен практичар на ова лицемерие. Во говорот во јануари минатата година, ги спомна Унгарија и Полска и рече дека Европа станува свесна дека „демократијата и владеењето на правото може да станат кревки“. Патем, предупреди дека „крајот на владеењето на правото е почеток на авторитаризмот“.

Со оглед на настаните во Париз, се чини дека суспензијата на правните демократски конвенции е „почеток на авторитаризмот“ само во места како Полска или Унгарија.

Двојните стандарди се шокантни, но, прибегнувањето кон „законодавната нуклеарка“ барем им ја покажа на луѓето во Европа рамнодушноста на ЕУ елитите кон демократијата.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Пендаровски прими претставници на Македонското археолошко друштво

Следно

Вечерва во 360°: Интервју со Албин Курти – Охрид и Преспа носат симболика на договарање

Latest from Blog