Украинците тврдат дека битката за Бахмут се стабилизира

1 min read

Главниот воен командант на украинската армија вели дека има знаци на стабилизирање на фронтот кај градот кој Русија со месеци се обидува да го освои.

Генерал-полковник Валериј Залужњи на Фејсбук објави дека и покрај тоа што ситуацијата на фронтот е најтешка токму во делот на Бахмут, одбранбените сили успеале да ја стабилизираат ситуацијата и со огромни напори да го забават напредувањето на руските сили.

Украински војник во Бахмут

Проценките на официјални претставници на НАТО се дека во изминатиот период во судирите кај Бахмут загинале или биле повредени од 20 000 до 30 000 руски војници. Сепак, и покрај огромните загуби Кремљ не се откажува од освојувањето на Бахмут – чекор кој би имал повеќе симболично отколку стратешко значење.

Високиот број руски жртви можеби е главната причина поради која Украина не се повлече од градот, велат аналитичарите.

Британското министерството за одбрана соопшти дека рускиот напад врз Бахмут во голема мера е закочен и дека Русија најверојатно го префрлила својот оперативен фокус на југ и север од Бахмут.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Туркије го осуди американскиот извештај за човековите права поради неосновани обвинувања

Следно

Гутереш: Опстанокот на човештвото зависи од управувањето со водните ресурси

Latest from Blog