Новата влада да го користи само името Северна Македонија, во спротивно ќе има проблеми во односите со Грција и со ЕУ

May 18, 2024
1 min read

Никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на Договорот од Преспа за прашањето за името, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за државната телевизија ЕРТ.

Тој посочува дека во основата на договорот од Преспа е концептот на именување, односно името Северна Македонија да се употребува „ерга омнес“ и да важи за сите, односно да се користи и внатре и надвор од државата.

Мицотакис, како што вели во интервјуто, испраќа предупредувачка порака до идната влада во Скопје – без целосно усогласување со Договорот во однос на името, Грција нема да ги ратификува меморандумите и нема да има напредок во ЕУ-перспективата на земјава.

Тој рече дека ќе ги чекаат официјалните ставови на новата влада, но потенцираше дека првите примери на однесување се исклучително негативни.

„Сакам да потсетам дека не гласавме за Договорот од Преспа, бидејќи изразивме силна резерва за тоа што со овој договор се признава македонската нација и македонскиот јазик. Тоа беше главната причина што не гласавме за договорот. Но, по прашањето за името има многу јасно повлекување и сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака до новата влада, отсега да ја смени линијата. Да се ​​почитува оваа централна одредба од Договорот од Преспа, да се користи само името Северна Македонија во и надвор од државата, кога се споменува нашиот северен сосед. Во спротивно, сигурно е дека ќе создадат проблеми не само во односите на Грција со Северна Македонија, туку и во односите на Европа со Северна Македонија“, рече Мицотакис.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски го одби предлогот на Макрон за „олимписко примирје“

Следно

Цивилните жртви на американскиот анти-тероризам

Latest from Blog

60-годишна жена во Карпош, со тешки повреди однесена во болница

60-годишна жена е жртвата која беше прегазена во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на крстосницата меѓу скопските населби Карпош 2 и Карпош 3, кај Педагошката академија, соопшти денеска МВР. Ја прегазил

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop