Турските безбедносни сили неутрализираа четворица терористи во областа Хакќари, запленети оружје и муниција

1 min read

ХАКЌАРИ (АА) – Турските безбедносни сили вчера спроведоа операција во која неутрализираа четворица терористи на терористичката организација ПКК во руралните предели на местото Јуксекова, сместено во областа Хакќари, притоа запленувајќи оружје и муниција, известува Анадолу.

Од кабинетот на гувернерот информираат дека продолжуваат активностите на единиците на покраинската команда на жандармеријата за откривање и спречување на активностите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК.

Во операцијата спроведена во руралните предели на областа Хакќари вчера беа неутрализирани четворица терористи.

По пребарувањето на теренот и местото на кое се наоѓале терористите, единиците на жандармеријата пронајдоа митралез од типот дочка, резервна цевка за ова оружје, 21 реденица со куршуми и 960 куршуми, четири пешадиски пушки АК-47 калашников, осум шаржери и 51 куршум за ова оружје, токи-воки, соларен панел, разни видови лекови, шприцеви и медицински завои.

Во соопштението што вчера го објави Министерството за внатрешни работи на Туркије се наведува дека во рамките на операцијата на жандармеријата, во соработка со Одделот за разузнавање на Генералната команда на жандармеријата, под раководство и водство на Командата на корпусот за јавна безбедност на жандармеријата на областа Ван и Командата на покраинската жандармерија на Хакќари, неутрализирани се четворица терористи, од нив тројца мртви и еден жив во подрачјето на местото Аландуз, во регионот на глечерските планини Даглиџа во Јуксекова.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Ја разбирам фрустрацијата, но не ги драматизирајте уставните измени и искористете ја добрата волја на ЕУ, порача австрискиот претседател

Следно

Берлин им дозволи на просветните работнички муслиманки да носат шамија

Latest from Blog