Берлин им дозволи на просветните работнички муслиманки да носат шамија

1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германската сојузна покраина Берлин ќе им дозволи на просветните работнички, муслиманки, да носат шамија, потврдија денес властите, пренесува Анадолу.

Носењето шамија и верски симболи, генерално, ќе им биде дозволено на просветните работнички и може да се ограничи само во поединечни случаи доколку тоа претставува опасност за училишниот мир, се наведува во официјалното писмо упатено до директорите на училиштата од Одделот за образование на Берлин.

Според берлинскиот акт за неутралност, кој им забранува на државните службеници да носат верска облека и симболи, на просветните работнички во градот им е забрането да носат шамии од 2005 година.

Меѓутоа, во неколку судски пресуди во последниве години се истакнува дека целосната забрана за носење шамии претставува дискриминација и ги крши верските слободи гарантирани со Уставот.

Одделот за образование, млади и семејство на Сенатот ги извести директорите на училиштата дека треба да се придржуваат кон неодамнешните судски одлуки.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Турските безбедносни сили неутрализираа четворица терористи во областа Хакќари, запленети оружје и муниција

Следно

Жителите на „Градинар“ во општина Кисела Вода добиваат фекална канализација долга 2,4 километри

Latest from Blog