Папата Франциск на православните христијани им го честита Велигден

1 min read

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска им го честиташе Велигден на православните христијани и верниците од источните цркви кои го слават според јулијанскиот календар, пренесе Ватикан њуз.

-Со најтопли чувства упатувам честитки до браќата и сестрите од православните цркви и некои источни цркви кои денеска го слават Светиот Велигден според јулијанскиот календар. Нека воскреснатиот Господ ги исполни сите заедници со радост и мир и да ги утеши оние кои поминуваат низ искушенија, рече папата на крајот од традиционалната неделна миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Во својата проповед пред неделната молитва, папата повторно повика на молитви за жртвите од поплавите во Бразил, како и за мир во Украина, Израел и на палестинските територии. ата неделна миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Ужас во регионот: Син си ја убил својата мајка, па мирно седнал во кафеана

Следно

Репортажа на ТВ24: Првото училиште на современ македонски јазик во селото Подвис

Latest from Blog