Туркије и Пакистан започнаа заедничка воена вежба

1 min read

ИСЛАМАБАД (АА) – Пакистан и Туркије започнаа заеднички воени вежби во Тарбела, во северозападната покраина Хајбер Пахтунхва, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на пакистанското воено медиумско крило за односи со јавноста, на отворањето присуствувале претставници од двете земји.

„Во вежбата учествуваат војници од Турските специјални сили и Пакистанската група на специјални служби (SSG)“, се наведува во соопштението.

Се додава дека вежбите „АТАТУРК-XII 2023“, што ќе траат две недели, имаат за цел да ги подобрат техниките за борба против тероризмот.

Според соопштението, вежбите ќе бидат фокусирани на влегување и расчистување на објекти, пештери, обука за снајпер, обука против импровизирани експлозивни направи и медицинска нега во борбени услови.

„Вежбите ќе ја подобрат соработката меѓу двете земји во борбата против тероризмот“, се додава во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Тотенхем во Интер најде замена за Кејн

Следно

Кремљ ги негира тврдењата на Борис Џонсон дека Путин му се заканувал со ракетен напад

Latest from Blog