Трета жртва во сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци, почина и 37-годишна жена

June 2, 2023
1 min read

Претходно, како што јави МИА, две лица, од кои едното девојче на 15-годишна возраст ги загубиле животите во тешка сообраќајна несреќа која денеска околу пладне се случила на автопатот Штип – Свети Николе, во близина на патарината кај село Кадрифаково

Уште едно лице почина во тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар на патарината кај село Кадрифаково. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во изјава за МИА, информира дека од страна на Клиничка болница-Штип добиле пријава дека на тешките телесни повреди подлегнала и 37-годишна жена.

Претходно, како што јави МИА, две лица, од кои едното девојче на 15-годишна возраст ги загубиле животите во тешка сообраќајна несреќа која денеска околу пладне се случила на автопатот Штип – Свети Николе, во близина на патарината кај село Кадрифаково.

Несреќата во која учествувале две возила се случила во 12:10 часот.

На самото место животите ги загубиле 15-годишно девојче и 62-годишна жена.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Со премиера на „Некрстени денови“ на Иво Трајков вечерва во Кинотека почнува 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал

Следно

Шпанска католичка црква: Повеќе од 927 малолетници биле сексуално злоставувани во црквата

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop