Телефонски разговор Бајден – Макрон

1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден оствари телефонски разговор со претседателот на Франција, Емануел Макрон, пренесува Анадолу.

Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Белата куќа.

Во соопштението се вели дека двајцата лидери разговарале за продолжување на посветеноста за осигурување поддршка и безбедносна помош за Украина.

Исто така, лидерите се осврнале и на заложбата во насока Русија да ја плати цената за нејзината агресија.

Бајден и Макрон разговарале за соработката меѓу САД и Франција во Индопацифичкиот Регион.

Меѓу другото, двајцата претседатели се осврнале на заедничките напори против предизвиците на Кина кон меѓународниот поредок.

Во соопштението се нагласува дека лидерите ја повториле нивната посветеност за реализирање блиска соработка во врска со забрзувањето на транзицијата во чиста енергија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

АПИС бара да се обрати пред пратениците за штетите кои следат доколку се изгласаат законските измени за игрите на среќа

Следно

Уапсен тетовец кој се сомничи дека извршил кражба во тетовска фабрика

Latest from Blog