Одложено судењето против Мерко за набавката на луксузното Ауди А6

1 min read

Рамиз Мерко, кој денес требаше да седне на обвинителна клупа за случајот со набавката на луксузното ауди А6 од 70. 000 евра и на уште три други автомобили за потребите на општината, не се појави во судница во струшкиот основен суд.

Не дојде ниту неговиот адвокат, Игор Петковски. Почетокот на судскиот процес по барање на одбраната е одложен, поради увид во предметот, кој бил обемен.

Во обвиниението против Мерко стои дека набавката била направена во време кога општината била со блокирана сметка.

„Спротивно на начелата на законитост и интегритет, како и во спротивност на јавниот интерес, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро сметка, обвинетиот набавил четири моторни возила во вкупна вредност од околу 114000 евра, со што прибавил имотна корист за носителот на јавната набавка“, стои во обвинителниот акт.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Пресуда за терористичкиот напад во Истанбул: За Ахлам Албашир седум доживотни казни и 1.794 години затвор

Следно

Премиер лигата најавува чекор понатаму во истрагата против Манчестер Сити

Latest from Blog