Светска премиера на „Бизнисот на задоволството“ на „Палм Бич“ во Флорида

March 8, 2023
1 min read

Дебитантскиот долгометражен игран филм „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски во април ќе ја доживее својата светска премиера на престижниот „Palm Beach International Film Festival“ во Флорида, САД.

Фестивалот важи за еден од најдобрите 25 фестивали за независен филм во светот.

Режисерот и сценарист на филмот Гоце Цветановски рече дека најголема желба му била светската премиера да биде токму во САД – дестинација што ја доживува како центарот на филмските случувања на светската мапа.

Првите чекори секогаш се најважни и можам да кажам дека мојот сон се оствари. Би сакал да и’ честитам на целата екипа за овој успех. Нашиот проект ќе биде прикажан во конкуренција со некои од најдобрите независни филмови во САД и во светот“, вели Цветановски кој македонската публика најдобро го знае преку серијалот „Светот на Биби“, а изминатите години работи и на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“.

„Бизнисот на задоволството“ е трилер кој ја обработува темата за трговија со жени. Филмот претходно во македонската јавност беше промовиран со работниот наслов „Денот на Жената“, а по учеството на „American Film Market“ во Лос Анџелес и договорот за дистрибуција со американската компанија „Принц филмс“ филмот беше преименуван. Од продукцијата сметаат дека новиот наслов е попровокативен и подобро ќе го претстави ова дело пред публиката.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска.

Директор на фотографија е Фејми Даут, кој по успехот со „Медена земја“, за првпат се потпишува како кинематографер на долгометражен игран филм.

„Бизнисот на задоволството“ беше снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шамбевски до Зајкова: Пратеничката да каже дали се согласува со срамната парола зад неа (ФОТО)

Следно

Шефот на НАТО предупреди дека во наредните денови Бахмут може целосно да падне во рацете на Русија

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop