Средба Блинкен – Абас во Рамала

1 min read

РАМАЛА (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес пристигна во градот Рамала на Западниот Брег на средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ова е последната станица во рамките на регионалната турнеја на Блинкен, во која беа вклучени и Израел и Египет.

Во големата американска делегација се и Барбара Лиф, помошничка на државниот секретар за Блискиот Исток, Хади Амр, специјален претставник за палестински прашања и Џејк Саливан, американскиот советник за национална безбедност.

Блинкен вчера ги повика Израел и палестинската страна да преземат чекори за смирување на тензиите наместо дополнително да ги разгоруваат.

Посетата на Блинкен доаѓа во време на зголемување на насилството на палестинските територии по израелската воена операција во градот Џенин во четвртокот, во која загинаа најмалку десет Палестинци. По операцијата, во две вооружени пресметки во Ал Кудс (Ерусалим) загинаа седум Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Шентоп: „Туркије не гледа на Африка како западњаците“

Следно

Приведен бегалец од затвор „Шутка“

Latest from Blog