Републиканци ја забранија Библијата?

May 4, 2024
1 min read

Законот е предложен и изгласан под итна постапка заради бранот студентски протести низ цела Америка против Израел и интервенцијата во Газа, кои според критичарите на моменти длабоко зацапале во антисемитизам.

Главната цел на законот е да се дефинира терминот антисемитизам како би се заштитиле Евреите во САД, а тоа ќе биде направено врз основа на работната дефиниција што ја користи Алијансата за меѓународно сеќавање на холокаустот (ИХРА).

Во Претставничкиот дом за законот гласаа 319 членови а против 91 член, сега тој треба да биде изгласан во Сенатот, па потпишан од Бајден пред да влезе на сила.

Меѓу овие 91 глас против има членови и на демократите и на републиканците за кои главен проблем со законот е што е спротивен на првиот амандман и користењето на дефиницијата од ИХРА, која под антисемитизам подразбира и „тврдења дека Евреите го убиле Исус или крвна освета,“ што ако биде изгласано ќе значи и дека делови од Библијата би станале нелегални.

Олеснителна околност за Библијата би било тоа што таа нема веднаш да стане нелегална, бидејќи при одлучување дали нешто е антисемитско ќе треба да се процени дали „постапката била мотивирана од антисемитски намери.“

Критиките за законот се дека со него христијанин може да биде осуден за антисемитизам затоа што верува во пишувањата на Библијата дека Исус им бил предаден на Римјаните од Евреите, и дека не само што отворено е против Библијата туку директно го прекршува првиот амандман на американскиот устав.

Тврдењето дека Евреите се виновни за смртта на Исус е отфрлено од дел од христијаните, меѓу кои и папата Бенедикт 16 кој во 2011 напиша книга во која го ослободува еврејскиот народ од овие тврдења, заклучувајќи дека Исус бил обвинет само од еврејските религиозни власти во тоа време, а не од целиот еврејски народ.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Пронајдено повозрасно лице изгубено на Плачковица

Следно

Струшката депонија кај Струга, секоја година расте по еден кат

Latest from Blog

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците

Македонија остана на 235 патронажни сестри: во Тетово една покрива над 33.000 жители

Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос
Go toTop