„Во Израел нема човечност“, изјави неодамна ослободен Палестинец

1 min read

ГАЗА (АА) – Палестинецот Џамал ал-Исава 60 дена бил во притвор во израелски затвор во Појасот Газа, известува Анадолу.

Тој порача дека во текот на двата месеци во притвор бил подложен на различни форми на тортура.

„Не ме прашувајте за тортурата што ја минавме. Никој нека не ми кажува дека има човечност во државата Израел. Нема човечност во нив“, рече Џамал ал-Исава за Анадолу.

Тој раскажа дека израелските војници го притвориле во болницата Ал Шифа во градот Газа.

„Ме уфрлија во камион со некои млади луѓе и не одведоа во оддалечено место. Нѐ сместија во центарот за притвор. Постојано не измачуваа. Немам сили да зборувам. Местото беше полно со млади луѓе, многумина оттргнати од нивните семејства“, нагласи Исава.

Според неговите зборови, војниците го влечеле по земјата и тепале.

Израел ослободи 61 од многуте Палестинци што ги приведе за време на копнените напади на Појасот по 7 октомври минатата година.

„Кога дојде месецот Рамазан, мислевме дека можеби има човечност во државата Израел, но во нив нема човечност“, рече Исава.

Укажувајќи на здравствените проблеми што ги има како резултат на тортурата, Исава рече дека не може да стои на ниту една нога.

„Ме упропастија. Ме држеа таму 60 дена. Тоа се најтешките денови во мојот живот. Ги броев часовите и минутите секој ден. Семејството и татко ми не сум ги видел 60 дена и не знаев кој преживеал од моето семејство“, рече Исава.

Израелската војска приведе илјадници Палестинци, вклучувајќи жени, деца и здравствени работници, откако ја започна својата копнена офанзива на Газа. Иако Израел ослободи некои од приведените, судбината на многумина не е позната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Украина е на работ

Следно

ЦУК: Пронајдено повозрасно лице изгубено на Плачковица

Latest from Blog